Атрактивната Никол Теја на само 24 години одлучи да ја заврши својата фудбалска кариера набргу откако почна да снима и објавува фотографии на OnlyFans, популарна нецензурирана веб-страница за возрасни.
Еден од најпопуларните и најатрактивните фудбалери во светот пред 19 дена направи трансфер во кариерата. Од Некакса во Мексико се пресели во Пуебла. Но,откако во последните две недели не одигра ниту еден натпревар реши да стави крај на кариерата.
Иако не ја објави официјалната причина за крајот на кариерата на зелениот терен, во јавноста се шпекулира дека Никол се простила од фудбалот за да се посвети на кариерата на сајтот за возрасни. Нејзиниот клуб објави официјално соопштение за медиумите со кое ја потврди конечната одлука на фудбалерката.
– Отворив OnlyFans затоа што јавноста побара да го направам тоа – изјави неодамна Теја, која има 500 000 следбеници на Инстаграм.
Нејзините претплатници мораа да плаќаат 17,50 долари месечно за да имаат пристап до нејзините ексклузивни фотографии и видеа.