Атрактивната хрватска водителка Валентина Милетиќ секогаш го има главниот збор во студиото на „МаксСпорт“, но вчера имала среќа што блиску до неа бил поранешен голман.
Во најавата за натпреварот од 28-то коло, силниот ветар во Загреб го растурил импровизираното студио на познатата телевизија, па еден рефлектор за малку не завршил во главата на водителката.
Такво нешто спречил поранешниот голман на Динамо, Иван Келава, кој за својата реакција беше поздравен од фановите, но и од самата Валентина која го нарече неговиот потег „одбрана на сезоната“.