Канадската скокачка со стап и модел Алиша Њуман (31) е ѕвезда на новиот едиторијал за списанието „Максим“, во кој зборуваше за својот пат до успехот и балансирањето помеѓу спортската кариера и животот како модел, пишува „Дејли меил“.

31-годишната Њуман стана мегапопуларна на Олимписките игри во Париз пред нешто повеќе од една година. Откако го освои бронзениот медал во скок со стап, канадската атлетичарка ја прослави победата со тверкање пред француската публика.

Во новото интервју, Њуман се осврна на своите денови од младоста и предизвиците со кои се соочила.

„Кога бев девојче, ми велеа дека морам да бирам: да бидам спортистка или модел. Не разбирав зошто не можев да бидам и двете“, рекла таа, додавајќи: „Но, долго време им верував и ја избрав атлетиката. Ги вложив срцето и душата во тоа“.

Нејзиниот пласман на подиумот во Париз минатата година беше историски бидејќи стана првата Канаѓанка што освои олимписки медал во скок со стап. „Вистината е дека медалот е само момент“, изјави таа за Максим. „За мене, вистинската магија не беше дури ни медалот. Тоа беше чувството да се биде во зоната, да се биде целосно присутен и да се даде се од себе“, рече Њуман.

„И потоа, стоејќи на подиумот, ја почувствував другата страна од тоа: гордост што сум Канаѓанка. Сознанието дека станав првата жена од мојата земја што некогаш освоила медал во скок со стап “, додаде таа.

Во интервјуто за „Дејли меил“ Њуман раскажа и за нејзината одлука во 2022 година да се приклучи на платформата OnlyFans, каде што наводно заработила повеќе од 200.000 долари.

„Без разлика дали ми се допаѓало или не, бев природно сексуализирана во спортот поради тоа што го носев и поради мојата убавина“, објасни таа.

„Ако се појавев во хеланки и спортски градник што ми го покриваше стомакот, луѓето сè уште ќе ме сексуализираа. Мислам, тоа едноставно никогаш не престанува. Кога решив да го започнам OnlyFans, за мене беше навистина важно да бидам дел од нешто што можам да го контролирам“, рече таа.

Њуман, која има над еден милион следбеници на социјалните мрежи, работеше напорно за да го изгради своето онлајн присуство за да се прошири надвор од спортот.

Сепак, натпреварувањето останува нејзина најголема страст и моментално работи на изградба на центар за елитна атлетика во Канада за да им помогне на младите спортисти да го следат нејзиниот пат до Олимписките игри.