На денешната онлајн прес-конференција со екипата на „Медена земја“ на прашањето дали со ова Атиџе се гледа како актерка, таа рече дека повеќе сака да пее.
– Си имам јас сега работа со пчелите. Сакам да одморам од интервјуа и од камери. Инаку, убаво си поминав на Оскарите, добро беше таму – рече Атиџе.
Режисерот Љубомир Стефанов додаде дека сите работи во филмот се фрагменти од нивниот вистински живот.
– Атиџе и нејзините соседи од филмот се реални актери, сите работи во филмот се фрагменти од нивниот вистински живот. Ова се личности кои не се актери и не се навикнати на голем публицитет, порача Стефанов.
Оден од кинематограферите на „Медена земја“, Самир Љума откри дека Хоакин Феникс, кој на доделувањето на Оскарите освои Оскар за најдобар актер е голем фан на Атиџе.
„Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе, како и Тод Филипс, режисерот на Џокер, но и уште многу други кои беа воодушевени од филмот. Се надевам дека ќе ги објавиме и фотографиите од тие дружби, порача Љума.
На прашањето дали би работеле заедно повторно, режисерката Тамара Котевска рече дека прво ќе работат со Атиџе на пчелите, па потоа ќе видат дали имаат нов заеднички проект.