Главната хероина на „Медена земја“ Атиџе Муратова вчера замина за Лос Анџелес, каде во недела ќе се доделат Оскарите.
-Ојдеееме по оскарот, Honeyland, напиша Драган Кузмановски на својот Фејсбук профил со фотографија од Атиџе и дел од екипата во авионот за Лос Анџелес.
Инаку „Медена земја“ има две номинации за Оскар – за најдобар интернационален филм и најдобар документарен филм.