Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека посетата на холандскиот премиер Марк Руте во пресрет на гласањето за недоверба на владата не било случајно.
-Треба чесно да признаеме. Знаеме како меѓународната заедница и западните земји влијаат во внатрешните политички разврски во Македонија. Не беше случајна посетата на Марк Руте во земјата пред гласање недоверба на владата.
Според него, на ова се должи и фактот што пратеникот Кастриот Реџепи работел во амбасадата на Холандија , што за Атанасоски, апсолутно имало влијание за случувањата во Собранието.
Во однос на македонско-бугарските односи, Атанасоски смета дека новата влада на Бугарија ќе има поблага реторика кон македонското прашање.
-Во Бугарија се случи пропаѓање на партиите кои го ставија ветото на Македонија, тука алудирам на ВМРО, чиј лидер си поднесе оставка, и тој е веќе политички мртов, рече Атанасоски.