Астронаутите не си ја перат облеката- имаат начин за да го решат тој проблем

by Тони Зографски

Патувањето во вселената е уникатен предизвик со кој можат да се соочат само најдобро обучените луѓе.

Добро е познато на каква ригорозна обука се подложуваат астранаутите – и дека мора да бидат подготвени да направат големи жртви, но нешто сосема друго го привлече вниманието на корисниците на социјалните медиуми, објавува Unilad.

Голем проблем

Имено, дали некогаш сте се запрашале што прават астронаутите, кои поминуваат недели во орбитата, со своите валкани работи?

Обичните луѓе имаат луксуз да користат машини за перење, додека ситуацијата на Меѓународната вселенска станица (ISS) е сосема поинаква. Перењето облека е голем проблем во специфична средина, како што е вселената.

Ако мислевте дека астронаутите имаат вода, детергент и простор за перење облека, многу се лажете. Тие всушност воопшто не ја перат облеката!

Донекаде стерилна средина

Наместо тоа, тие ја носат облеката додека не се извалка премногу, а потоа ја пакуваат во специјални „контејнери“ и ја фрлаат надвор.

Откако „контејнерите“ ќе влезат во атмосферата на Земјата, тие целосно горат и се претвораат во прашина. За да се избегне забуна, поскапите предмети (како вселенски одела) се враќаат на Земјата за чистење и поправка.

Треба да се напомене дека МВС е донекаде стерилна средина, каде што температурата е строго контролирана. Како резултат на тоа, астронаутите не се потат многу.

Специјализирана облека

Според организацијата „Луѓе во вселената“, неколку брендови соработувале со НАСА за да обезбедат специјализирана облека за астронаутите.

На пример, BEAMS Co. Ltd. произвела облека за Соичи Ногучи да ја носи за време на неговата мисија на МВС, која започнала во ноември 2020 година.

На веб-страницата се тврди: „Оваа облека има функционални карактеристики неопходни за долг престој во вселената, како што се апсорпција, брзо сушење, антибактериски и дезодорирачки својства“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com