Астероид со големина на ладилник може да ја погоди Земјата еден ден пред изборите во ноември, вели познатиот научник Нил Де Грас Тајсон – но тој не е доволно голем за да предизвика сериозни штети.
Познатиот астрофизичар рече дека вселенската карпа, позната како 2018VP1, брза кон Земјата со брзина од 25.000 милји на час и може да ја погоди планетата на 2 ноември. „Можеби Земјата ќе биде удрена на 2 ноември, ден пред претседателските избори“, напиша тој на Instagram.
Но, тој додаде дека поради летечкиот објект не треба а се губи сонот затоа што „не е доволно голем за да предизвика штета“. „Значи, ако светот заврши во 2020 година, тоа нема да биде вина на универзумот“, рече тој.
НАСА претходно ја идентификуваше траекторијата на астероидот кон Земјата, но нејзините шанси за реално влијание беа помалку од 1 процент.
-Во моментов, има 0,41 процент шанса да влезе во атмосферата на нашата планета, но ако влезе, ќе се распадне заради екстремно малата големина, соопшти вселенската агенција.