Асот на Тотенхем Дејан Кулушевски се ожени со екс фудбалерка од БиХ (ФОТО)

by Тони Зографски

Фудбалер на Тотенхем со потекло од Македонија, напаѓачот Дејан Кулушевски се ожени со поранешна фудбалерка на Босна и Херцеговина Елдина Ахмиќ, на свадбата присуствувал и славниот Златан Ибрахимовиќ .

Шведскиот репрезентативец и фудбалер на Тотенхем, со потекло од Македонија, 25 годишниот Дејан Кулушевски и поранешната фудбалска репрезентативка на Босна и Херцеговина, Елдина Ахмиќ, го кажаа судбоносното „да“ на свадба одржана викендов во луксузниот хотел „Мерихил Естејт“.

На свадбата присуствувале околу стотина гости, меѓу кои и екс светската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, објавија шведските медиуми.

Свадбената церемонија се одржача со под строги безбедносни мерки, а среќната двојка го резервирала целиот луксузен хотел „Мерихил Естејт“ во западна Сконе за тридневната свадбена прослава.

Кулушевски и Ахмиќ се во врска долго време, а во мај 2023 година ја објавија својата свршувачка. Дејан и Елдина во март во 2024 година објавија дека добиле ќерка.

Македонецот кој игра за Шведска, Дејан Кулушевски долго време игра на врвно ниво во редовите на англискиот премиер лигаш Тотенхем и две години по ред е избиран за најдобар шведски фудбалер.

Покрај за Тотенхем, Кулушевски го носеше дресот и на италијанските прволигаши, Аталанта, Парма и Јувентус, а моментално се опоравува од повреда на коленото поради која го пропушти крајот на сезоната.

29 годишната Ахмиќ во својата кариера одиграла 10 средби за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а го избра дресот на својата татковина пред родната Шведска, каде што ја изгради својата кариера во дресовите на АИК и Бромапојкарна.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com