Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл ги воодушевиле социјалните мрежи кога во понеделникот навечер објавиле божиќна честитка со седуммесечниот син Арчи. Службениот профил на Твитер на кралскиот пар објавил фотографија на која Меган и Хари позираат пред елка додека сето внимание го украл Арчи кој љубопитно гледал во фотоапаратот.
„Ова е најслатка честитка на војводата и војвотката од Сасекс. Среќен Божик на сите“, стои во објавата на службениот профил.
Кралскиот пар е познат по тоа дека не се придржува до пропишаните обичаи, па за овие празници одлучиле да ја посетат Канада каде Меган живеела седум години.