Арсовска: Кога ќе ги фатиш бизнис партнерите Висар и Изет во криминал, не само што заташкуваат туку и ги бранат како да им се род

by Тони Зографски

радоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се обрати до јавноста со нова објава на социјалните мрежи. Таа одговори на прашањето на многумина „каде била досега во текот на нејзиниот мандат“.

-Еве ова јавно обраќање е од јануари 2023 година кога ја поднесовме кривичната пријава за УСЈЕ, за докази работевме цела 2022 година, а сега во 2025 сеуште нема ни одговор од обвинителство, ни било какво поместување.

Секој ден работиме повеќе од 3 години и секој ден сме под напад. Ама кога ќе ги фатиш бизнис партнерите Висар и Изет во криминал, не само што заташкуваат, туку и ги бранат како да им се род, стои во пораката на Арсовска.

Основното јавно обвинителство веднаш да постапи по пријавите на градоначалничката на Скопје, а заканите по живот да ги пријави во МВР, изјави премиерот Христијан Мицкоски по последните случувања со градоначалничката откако таа во живо се јави на социјалните мрежи каде открива дивоградби, главно во Општина Чаир.

Претходно, од Обвинителството ја повикаа Арсовска ако има докази за сторено кривично дело, да ги достави до истражните органи. Градоначалничката поднесе документи до ОЈО со кои тврди дека на диво се гради во општината Чаир. На Висар Ганиу и на Изет Меџити им порача дека не им се плаши.

Очекува вистината да излезе на виделина со цел обезбедување на доказите. Од СДСМ велат, недозволиво е институциите да молчат и да го покриваат криминалот на урбаната мафија.

Арсовска најави дека денеска во обвинителството ќе ја донесе целата документација со 150 предмети.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com