Во однос на скандалозната снимка која стана вирална во јавноста, каде претседателот на Собранието Талат Џафери омаловажува вработени во Собранието, коментираше и претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
„Еден момент кој ни промакна, во случајот со пцостите и мобингот на спикерот ЏАФЕРИ кон собраниските стафери… Секогаш кога Џафери зборува со службеници-Албанци, им се обраќа на албански. Но, на снимката вреѓањето и понижувањето е на македонски јазик!
Дали тоа значи дека силеџиите од ДУИ, во македонското собрание, спроведуваат антимакедонска агенда поддржана од претседателот, на омаловажување врз етничка и национална основа?” – прашува на својот Фејсбук профил Димитар Апасиев.