Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја искоментира агендата на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен, која ја има за време на престојот во Македонија. Тој смета дека таа се плаши овојпат да влезе во Собрание, каде пред една година, Апасиев стана и и го прекина говорот.
„Да не беше Левица, сега ќе ја слушавте пак УРСУЛА у Собрание. #СтравЛозјеЧува“, напиша Апасиев.
Во јули минатата година, додека Фон дер Лајен говореше, Апасиев стана и го прекина говорот и и остави транспарент. На него пишуваше „Македонија вели НЕ“. Тогаш, се однесуваше на преговарачката рамка за со ЕУ.