Професорот Димитар Апасиев по сведочењето на Орце Камчев за случајот „Рекет“ во кој изјави дека стилистот Сергеј Варошлија и Бојан Јовановски со мутирани гласови го малтретирале уредникот на тогашната 1ТВ Ацо Кабранов, на Фејсбук напиша:
“Го мислам цел ден Ацо Кабранов.
Сирот чоек, му дишеле у слушалка у ниедно време по ноќевите. Арно можевте, бе лешпери. Ај да ве видам на Борјан Јовановски така дишете му“.