“Ај бе некој нека му каже на Мицко дека Хамас за Палестинците, е она што е ВМРО за Македонците! И плус, нека го поучи дека и Арапите се семити“, реагира лидерот на Левица Димитар Апасиев на фејсбук-постот на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека се „неприфатливи нападите од Хамас кон Израел“.
„Борбата на арапските народи не е само нивна. Тоа е првиот фронт на сите социјалистички и прогресивни сили против империјализмот“, напиша Апасиев.
Израелските борбени авиони рано утровоповторно ја нападнаа Газа, а Хамас возврати со ракети кон Израел во петтата ноќ од конфликтот, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начини за прекин на насилството.