Анџелина Џоли никогаш не криела дека сака големо семејство со многу деца, а за тоа зборува и фактот што пред да има свои биолошки деца, таа веќе имаше неколку посвоени.
Според повеќе американски медиуми, таа решила да посвои уште едно дете. Истото го сакала и за време на бракот со Бред, но тој бил дециден дека доволно им се шест деца.
„Тогаш мораше да се согласи, но сега е слободна да прави што сака“, истакнала блиска личност на актерката за магазинот Глоуб.
Тој додал дека актерката планира да ги искористи своите контакти во Обединетите нации за да избегне бирократски потешкотии, а ваквата вест се појавила откако било објавено дека Анџелина сака нов правец во животот бидејќи Холивуд повеќе не ја привлекува како порано.
“Државите на нејзиниот список се Кина, Сирија, Етиопија и други делови на Африка”, вели изворот.
“Всушност, планира да посети што повеќе сиропиталишта на светот сè додека не го сретне златното дете од своите сништа”.
Анџелина дамна изјавила дека голема желба ѝ е да живее во Европа, но поради функционирање на семејството, таа и Бред избираат да живеат на блиски локации, за да нема пречки тој да ги гледа децата.