Во нејзиното последно интервју, кое го даде за „Wall Street Journal“, Анџелина Џоли признала дека ако треба повторно да избере што да прави во животот, никогаш не би станала актерка. Можеби би размислувала за театар, но никогаш повеќе не би избрала живот и кариера во Холивуд.
„Денес не би избрала да бидам актерка. Кога почнав, немав никакви очекувања ниту мислев дека се ќе биде толку јавно, дека ќе морам да споделам толку многу“, ја започнала својата исповед. Повеќе од две децении поминати под толку интензивен јавен интерес го направија своето, а сè се засили по разводот со Бред Пит, кога стана мета на таблоидите.
Таа признала дека сето тоа и предизвикало толку голем стрес што во 2018 година, за време на снимањето на продолжението на Дизни, Малефисент 2, забележала дека нејзиниот глас целосно се променил од моментот кога за првпат ја снимала Малефисент. „Моето тело реагира на стрес, ми се зголемува шеќерот во крвта, а шест месеци пред разводот одеднаш добив Белова парализа“, рекла таа и додала дека нема социјален живот во Лос Анџелес.
Таа открила дека на крајот планира да го напушти Лос Анџелес засекогаш и да помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа. „По разводот ја изгубив способноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се движам кога ќе можам, бидејќи покрај сите места на светот, Холивуд не е здраво место за живеење“, рекла Џоли.
А потоа ги спомнала и своите шест деца – Медокс (22), Пакс (20), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15) – откривајќи дека тие не се само нејзини деца, туку и нејзини најдобри пријатели. . „Ние сме седум различни луѓе и тоа е нашата сила. Моравме да се излечиме. Има работи од кои моравме да се лечиме“, рекла таа.