Премиерата на филмот е закажана за јануари 2025 година, но на мрежите се појавија фотографии и инсерт од филмот кои ги изненадија фановите на познатата актерка. Нејзината трансформација во Марија Калас е неверојатна, а на некои фотографии Џоли која важи за една од најубавите жени на светот е буквално непрепознатлива. Многумина на почетокот не ја ни препознаа, а кога сфатија за кого се работи се запрашаа што ѝ се случило.

Кога официјално беше познато дека Анџелина Џоли ќе ја игра познатата Марија Калас, многумина беа скептични, велејќи дека Џоли е премногу убава за да може да ја претставува познатата Гркинка во вистинска смисла, како и тоа дека нема да може да ги отпее оперските арии како Марија.

Сепак, судејќи барем според инсертите, славната актерка успеала да навлезе во сржта на својот лик и да ја долови трагичната судбина на најголемиот сопран во историјата.

Како што признава, Анџелина Џоли седум месеци секојдневно вежбала пеење за да се подготови за улогата на Марија.

Инаку, многумина веќе шпекулираат дека Џоли следната година би можела да добие Оскар за таа улога, сепак таа тврди дека повеќе размислува за тоа што мислат фановите на познатата оперска дива отколку на наградите.

-Би сакала оние кои ја познавале, кои биле нејзини обожаватели да бидат задоволни, да не ги разочарам, туку да им биде драго што на вистински начин ѝ оддадовме почест на една таква жена. За оние кои не се запознаени со нејзиниот лик и дело, би сакала овој филм да биде прозорец во неверојатниот свет на операта и оперските пејачи – изјави неодамна Џоли.

Сепак таа признава дека работата на овој филм ја променила нејзината перцепција за класичната музика.

– И понатаму прво ќе го пуштам Клеш, но кога низ годините ќе доживеете многу работи, кога ќе ја почувствувате најголемата болка и најголемата љубов, ќе сфатите дека класиката и операта го имаат тој звук што допира во душата на секој од нас и најпрецизно, со истиот интензитет ја пренесува болката и љубовта – додаде Џоли.

Филмот „Марија“ е приказна за оперската дива Марија Калас, Гркинка родена во САД, која остана запаметена по својот божествен глас, но и по бурната врска со грчкиот милионер Аристотел Оназис. Сепак, тој ја напушти и се ожени со Џеки Кенеди, вдовицата на поранешниот американски претседател Џон Ф Кенеди.

Марија Калас почина на 53-годишна возраст во 1977 година во Париз. Турскиот актер Халук Билгинер го игра Оназис во филмот.

Image
Image