Анџелина Џоли е специјална гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција. 49-годишната актерка со стил пристигна во италијанскиот град, каде ќе го промовира својот најнов филм „Maria“.
Холивудската ѕвезда, која ќе ја портретира оперската пејачка Марија Калас, изгледаше елегантно и модерно во три стајлинзи.
За промотивен настан, Џоли носеше креација со широки ракави и тенок колан на половината, а подоцна се пресоблече во кафеав фустан.