Анџелина Џоли се огласи за војната во Израел и хуманитарната криза со која се соочуваат илјадници жители на Газа.
„Она што се случи во Израел е чин на терор. Но, тоа не може да ги оправда невините животи изгубени со бомбардирањето на цивилното население во Газа, кое нема каде да оди, нема пристап до храна или вода, нема можност за евакуација, па дури ни основно човеково право да ја премине границата за да најде засолниште“, напиша актерката, која е и поранешен претставник на ОН.
„Задржувањето на помош, гориво и вода е колективна казна на народот. Човештвото бара итен прекин на огнот. Животите на Палестинците и Израелците – и животите на сите луѓе ширум светот – се подеднакво важни“, заклучи таа, додавајќи дека донирала за медицинска помош и „избрала да ја поддржи работата на Лекари без граници.