Анџелина Џоли е позната по нејзината кафена коса која со години е нејзин заштитен знак.
Сепак, една од најубавите актерки на светот реши да го промени имиџот и повеќе не е бринета. Таа се обои во руса и ги воодушеви своите обожаватели, додека многумина пишуваат дека сакала да се подмлади.
Инаку, Џоли неодамна се отвори и зборуваше за родителството, воспитувањето деца, а го допре и нејзиниот развод со Бред Пит. Ако има нешто за кое и денес не жали, тоа е моментот кога станала мајка. Џоли призна дека тоа што е самохрана мајка ја „спасило“ од „тонење“.
Покрај тоа, таа откри како фокусирањето на воспитувањето на своите деца, по разводот со Бред Пит, ја туркало напред сите овие години. Нејзиниот брак со Бред Пит заврши во 2016 година, по 12 години, а заедно имаат шест деца.