Актерката Анѓелка Прпиќ е трудна. Нејзин нов партнер и татко на детето е најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ.
Тоа е M.Ж кого Дарио го познава уште од средно училиште, што ги изненади нивните заеднички пријатели.
Наводно, М.Ж. поради Анѓелка ја напуштил девојкатата со која бил 11 години.
Инаку, овој човек бил и на нивната свадба во 2011 година. Инаку Анѓелка не била расположена да зборува за споменатите тврдења.
– Ве молам, не ми се јавувајте за глупости – рекла Анѓелка.
Ниту Дарио не сакал да зборува многу за ова, но потврди дека ја слушнал оваа информација.
– Слушнав, но навистина не сакам да коментирам – изјави тој за “Телеграф“.
Анѓелка во 2012 година родила наследник со нејзиниот тогашен сопруг Дарио Прпиќ, по што донесоа заедничка одлука да се разведат.