Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку својот Фејсбук профил реагираше на изјавите на претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски кој за неколку денови комплетно го промени ставот.
„Само пред три недели истиот Др Караџовски не’ убедуваше дека се е под контрола, дека нема потреба од нови мерки и дека може да се тера со попис.
Караџовски е лош пример, бидејќи наместо лекар со интегритет и етика, денес тој е само фигура во бел мантил која служи како марионета во политиката, а со тоа ги зголемува ризиците по јавното здравје. Оставка и одговорност“, напиша Антонио Милошоски.