Антонио Бандерас (64) и неговата партнерка Никол Кимпел (43) биле на гала вечера на еден магазин во Мадрид.
На црвениот тепих парот се појави во елегантна облека. Тие се држеа за раце и насмеано им позираа на фотографите.
Двојката се запознале во 2014 година на Канскиот филмски фестивал. Во тоа време, Бандерас бил во процес на развод од актерката Мелани Грифит, со која ја има ќерката Стела. Тој официјално започна врска со Никол, банкарски консултант од Холандија, една година подоцна.
Две години откако Бандерас и Грифит го финализираа разводот по речиси 20 години брак, актерот доживеа срцев удар.
“По разводот бев збунет. Во исто време правев многу работи, се обидував да се заштитам и да најдам засолниште во работата. Снимав филмови еден по друг. Беше лудо. Срцето рече: ” Полека, застани“, рече еднаш Бандерас.
Тој рече дека неговиот инфаркт, за среќа, не бил сериозен и не предизвикал никаква штета, но поттикнат од непријатното искуство решил да ги промени работите. Сфатил, вели, дека ситуацијата можела да испадне поинаку, како и фактот дека не секој има привилегија да добие втора шанса.