Холивудската актерска ѕвезда Антонио Бандерас се појави на свеченото отворање на 69 меѓународен филмски фестивал во Сан Себастијан Шпанија.
Славниот актер на црвениот килим пред палатата Курсал во Сан Себастијан се појави во друштво на својата ќерка Стела дел Кармен Бандерас, која ја доби во бракот со актерката Мелани Грифит.
Таткото и ќерката во складен елегантен стајлинг беа ѕвездите на црвениот тепих. Стела инаку многу ретко се појавува на вакви настани и манифестации, нејзиното присуство поради тоа беше будно следено од фоторепортерите.
Стела која е родена во Марбеља, Шпанија има 24 години и сега планира да тргне по стапките на своите славни родители, но и полусестрата Дакота Џонсон.
Првата улога на филм ја имала уште во деството во филмот „ Crazy in Alabama”.Сега Стела работи како успешен модел.