Младата македонска пејачка Антониа Гиговска за време на својот настап на првата полуфинална вечер од музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“ имаше мала незгода. Имено, таа се сопна од една од танчерките и падна на сцената, но не се збуни и продолжи повторно да продожи да пее.
„Кога можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да ја пееш, најтешката песна. Ти честитам на твојата нова песна, мојата ќерка и јас често ја слушаме. Ти честитам на тебе и Тамара за пласманот на Евровизија, бевте прекрасни, тоа е голем успех за Македонија, јас со целото срце покрај Невена навивав и за вас“ – искоментира Гоца Тржан.
Освен жирито и публиката ја поддржа Антониа и таа си обезбеди влез во финалето.