оп пејачката Антониа Гиговска, која беше дел од придружните вокали на Тамара Тодевска на Евросонг вчера наутро, речиси право од евровизиската сцена, замина на матурска. Антониа заминала на аеродром помеѓу првите, со цел на време да пристигне дома за да се подготви за матурската забава.
Оваа информација ја потврди синоќа и Тамара на скопскиот аеродром која истовремено на Антониа и ја честиташе матурата.
Инаку, неодамна во јавноста се обелодени дека младата пејачка е во врска со музичарот Иван Јованов кој што е вокал во „Либеро бенд“.