Премиерот Зоран Заев не може да биде и министер за финансии. Комисијата за спречување на корупцијата со писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери објаснува дека тоа е незаконски. Според некои информации, Заев поради тоа ќе го повлече предлогот и ќе се откаже од новата функција.
Во известувањето од ДКСК стои дека согласно член 72 од став 1 од Законотз а спречување на корупцијата и судирот на интереси
„Службеното лице во своето работење е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерките за негово одбегнување.
Во членот 44 пак стои дека:
„Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република
Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител,
јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите налокалната самоуправа се неспојливи една со друга.“