УБАВА ВЕСТ: Антивирусниот лек Фавира од денес и во Македонија

by Тони Зографски

Лекот Фавира или Фавимол, со генеричко име Фавипивир, кој досега нелегално се внесуваше од Косово како антивирусен лек што помага и против коронавирусот, од денес ќе се најде и во македонските аптеки.

Увозот е од Јапонија и Турција.

Лекот досега го немаше во македонските аптеки, пациентите на црно го набавуваа пред се од Косово и од Босна и Херцеговина  по цена само за едно кутивче од 75 до 100 евра.

Инаку, микробиологот докторот Пановски вели дека е добро што ќе пристигне лекот, бидејќи е многу поевтин од досегашниот ремдесивир. Тој апелира граѓаните да не го земат на своја рака.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com