Операцијата треба да се изврши без оглед на крвната група, доколку е неопходна трансфузија, што инаку е безбедно.
Ова е одлуката на судијата за старателство на Судот во Модена, кому му се обратила клиниката „Сант Орсола“ во Болоња, во која се лекува двегодишно дете и чека операција во критична состојба, а бидејќи родителите антиваксери не сакаат да потпишат договор за можна трансфузија на крв од вакциниран дарител.
Ова е секако несекојдневен случај кој навистина ја вознемири италијанската јавност: по цена на ризикување на животот на детето, родителите не се согласиле да потпишат согласност за трансфузија на крв од вакцинирани донатори, иако програмираната срцева интервенција не може да се одложи бидејќи детето е во тешка состојба, тие и понатаму го застапуваат ставот дека „преку трансфузија, вакцината може да се пренесе од донор на примател на крв“.
Одбивајќи да ја потпишат согласноста за трансфузија, тие се обратиле до истомисленици против вакцини за дарување крв. И покрај апелот на претседателот на италијанската лекарска асоцијација, Филипо Анели, дека треба да им веруваат на лекарите и дека нема опасност од примање крв од вакциниран дарител, родителите кои се против вакцините останале при својот став ризикувајќи ја смртта на детето, за што е потребна итна одлука на судија.
Во Италија постои Протокол кој го регулира дарувањето крв и не се дозволува избор на дарител, поради што и постои како регулатор во интерес на пациентите за да може процесот на дарување да биде сигурен.
Останува нејасно дали родителите ќе ја оспорат одлуката на судијата или ќе дозволат операција на трансфузија на крв на детето доколку е потребно од вакцинирано лице во болницата во Болоња или ќе се обратат до друга санитарна структура, иако протоколот за дарување крв е истоветно на национално ниво.