Пејачката Андријана Јаневска ќе ја претставува земјава во проект за Гинисов рекорд. Таа ова го обелодени на својот профил на Фејсбук, каде објави дека станува збор за песна со најмногу пејачи со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach.
“Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“ напиша Андријана.