Пејачката Елена Петреска има зошто да слави. Таа дипломираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот поп-музика во класата на нејзината колешка од забавната сцена Андријана Јаневска. Токму таа преку Фејсбук ја сподели радосната вест.
“Вечерва дипломираа две мои студентки, Елена Петреска и Лина Авшар. Изминатите четири години уживав во заедничкото дружење и работа и не можам да поверувам колку бргу поминаа! Ви благодарам за убавите мигови и се надевам дека ви беше убаво колку и мене, бидејќи и јас од вас многу научив. Ве гушкам и ви честитам!“ – напиша Андријана.