Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска како по некоја традиција, секое лето редовно објавува фотографии од дестинацијата на нејзиниот семеен летен одмор. Една од најзгодните познати мајки овие топли летни денови ужива на плажа во Охрид.
Таа на своите следбеници на Инстаграм преку неколку фотографии кои ги направил нејзиниот сопруг – гитаристот Драган Гиновски- Гино им покажа како уживаше летово.