Македонската евровизиска претставничка Андеа Коевска во видео обраќање се извини што среде фотографирање во Торино го фрли на земја македонското знаме.
„Во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме.Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето.Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа, се извинувам!“, кажа Андреа.
MРТ синоќа преку соопштение најостро го осуди а потегот на нашата евровизиска претставничка.
„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.МРТ очекува од андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ“.
Македонската евровизиска претставничка Коевска предизвика лавина реакции додека за време на фотографирањето со знамето на Македонија одлучи истото да го фрли на земја и да се фотографира без него.