Фудбалерот на англискиот нисколигаш ФК Скотсби, 22-годишниот Џон Мекена починал откако паднал од балкон на Ибица.
Несреќниот Мекена на Ибица го минувал летниот одмор, а несреќата се случил во неговата соба која била на третиот кат во ресортот Сан Антонио.
Причината за големата трагедија засега се непознати и не се знае што се случувало.ж
Веднаш по несреќата интервенирала лекарската екипа, меѓутоа можеле само да констатираат смрт. Пријателите со кои бил на одмор веќе биле повикани на разговор во полициска станица.