Селекторот на Македонија Игор Ангеловски ја даде првата изјава по денешната ждрепка во Даблин, во која нашата селекција во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година ќе игра против Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
„Добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави на сите, само сплотено, тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на ЕП 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“, изјави Ангеловски.
Еве ги и сите квалификациски групи за ЕП 2020, чии дуели започнуваат на 21 март 2019, а ќе завршат на 19 ноември истата година.
Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово
Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург
Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија
Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар
Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан
Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта
Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Летонија
Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора
Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино
Група Ј: Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн.