На прес конференцијата селекторот на Македонија, Игор Ангеловски откри дека неговата сопруга водела тешка битка со коронавирусот. По мечот селекторот победата ја посвети на неговата сопруга која пред извесно време водела битка со ковид-19.
„Овие момци уште еднаш ја направија горда Македонија, Германија имаше 20 годишна традиција без пораз. Кој друг ќе ја сруши оваа традиција ако не ние.Тоа се нашите фудбалерите кои ја кренаа нацијата на нозе, Радувај се Македонијо и слави ги овие херои. Оваа победа е нешто налик на пласманот на Европско првнетво. Јас дојдов на овој собир додека мојата сопруга беше хоспитализирана поради ковид-19, оваа победа е за неа и за целиот медицински пресонал како и за моите деца кои се мојата наголема подрршка“, рече Ангеловски.