Од вечерва германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа во домашен карантин. Тоа го соопшти нејзиниот портпарол.
Стефен Сајберт, портпаролот на Меркел, рече дека германската канцеларка, која има 65 години, известена е дека лекарот со кој се состанала е позитивен на коронавирус, откако во неделата одржа прес конференција за новинари на која беа најавени нови мерки за сузбивање на ширењето на вирусот.
Веста доаѓа само еден час откако Меркел ги соопшти поригорозните мерки за борба против коронавирусот Ковид-19, кои ќе важат на територорија на цела Германија.