Ана Стојановска модно издоминира на Берлинале, се појави во смела креација на снег (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонската актерка Ана Стојановска, заедно со колегите од филмот „17“, вчера прошета на црвениот тепих на „Берлинале“ – еден од најголемите филмски фестивали во Европа.

Ана, како и вообичаено, издоминира на црвениот тепих со својот изглед и уште еднаш докажа дека е една од македонските актерки со неверојатна убавина и смелост, кога станува збор за изборот на облека на фестивалите ширум светот.

Ана објави и неколку фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, но и видео од црвениот тепих, па нејзината публика имаше увид во тоа што прават таму.

Актерката блеска во смела креација на македонскиот дизајнер Марков – боди со стилизирано црвено палто и високи чизми до над колена, па се чини дека снегот во Берлин не бил пречка таа да прошета облечена во таква креација.

Инаку, македонскиот филм „17“ е првенец на Косара Митиќ. Тој е во официјалната конкуренција за наградата „Најдобар дебитантски филм“, награда која на Берлинале се доделува од 2006 година, а со која им се дава поддршка на младите автори.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com