Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете

by Тони Зографски

Руската спортска ѕвезда Ана Курникова (44) и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас (50) наскоро ќе го прошират своето семејство, пренесе „HOLA!“, и тврдат дека двојката е „воодушевена”

Според пишувањата на овој весник, многу сигурен извор близок до семејството открил дека Ана и Енрике наскоро ќе го добијат своето четврто дете и дека таа моментално е во средината од бременоста.Полот на бебето што го носи поранешната тенисерка е непознат, а со оглед на тоа дека се познати како семејство кое не открива многу за својата приватност, веројатно нема да дознаеме уште долго време.

Ана последен пат беше видена во јавност во јули, кога беше фотографирана во Мајами како ги завршува дневните обврски, а тогаш се појавија гласини дека е бремена. Русинката тогаш носеше хеланки и малку поширок бела кошула, но се појавија шпекулации дека го криела стомакот од папараците.

Откако се повлече од тенисот, Курникова не се експонира многу а нејзиниот сопруг се појавува во јавност само за работи поврзани со неговата работа. Двојката веќе има три деца: близнаците Луси и Николас (7) и ќерката Мери (5), чии фотографии понекогаш ги споделуваат на социјалните мрежи, а беа прогласени за најубави деца на познати личности во светот.

останати вести