Придружниот вокал на групата ДНК и професорка во средното музичко училиште, Ана Костадиновска се огласи на социјалните мрежи откако јавноста беше потресена од веста дека возачот кој ја прегази младата Тамара во Тетово доби само две години затвор.
Нејзината реакција следи по бројните негодувања околу благиот третман на случајот од страна на правосудниот систем.
„Време е за промени, крајно време е! Доста е!“, напиша Костадиновска на својот фејсбук-профил, споделувајќи го разочарувањето и револтот од ниската казна за сторителот.