Сопругата на Орце Камчев денеска сведочи во Кривичен за случајот Рекет.
-Ми се јави Кичеец и ме однесе во Капиштец, во канцеларијата на Димишков. На оваа средба Димишков ми кажа дека се видел со Камчев и дека го предупредул дека нешто му се спрема. Ми рече може да му помогне за 2, 4 и 6 милиони евра. Рече дека неговата сестра, истражната судијка Весна Димишкова е многу блиска со обвинителката Лиле Стфанова. Рече, дека по ова неговата сестра ќе се пензионирала, рече Камчева денеска во Судот.
Таа призна и дека плачела кога се случувало сето тоа.
Втората средба била во 1Тв, а Боки13 вели точно знаел дека ќе го однесат камчев во СЈО.
– -Јовановски располагаше со информации. Точно знаеше кога ќе го однесат Орце во СЈО, кои сведоци ќе бидат повика за „Империја“, разговори од прислушуваните материјали. Тој ја пушташе на спикерфон Јанева која даваше насоки. На првата средба Боки не побара пари, а по вториот состанок, Боки ми побара 500.000 евра, рече Камчева и додава дека тој зборувал со Јанева