Ана Ивановиќ, поранешната српска тенисерка, во екот на приказната за разводот од Бастијан Швајнштајгер, предизвика големо внимание со одењето на концерт во Париската опера.
На концертот по повод 150-годишнината од основањето, поранешната најдобра српска тенисерка дојде во елегантен виолетов фустан.
Во таа прилика, таа се најде во друштво на бројни тениски ѕвезди, па „позираше“ на неколку фотографии и видео на шпанската тенисерка Габриња Мугуруза, како и од некои други големи тениски имиња. Имено, таму беше познатиот возач на Формула 1, Џенсон Батон, како и колегата на Ана од АТП, Роџер Федерер.
„Допир на вечерна елеганција – секогаш вистинскиот избор“, напиша таа.
