Ќерката на фудбалска легенда Драган Џаиќ, Драгана и братот на поранешната тенисерка, Ана Ивановиќ, Милош денеска станаа родители на машко дете. Мајката и бебето добро се чувствуваат, а особено возбуден бил дедото Драган Џаиќ.
-Не знам како ќе се вика. Тие ќе си одлучат, мене ми е сеедно. Важно е што на свет пристигна жив и здрав – изјавил дедото Драган Џаиќ за српските медиуми.
Инаку, пред неколку дена се породи и сестрата на Драгана, Сања со втор син, така што сега фудбалската легенда е дедо на три внуци.