Српската фолк-пејачка Ана Бекута откри дека својот син Игор, кој го родила додека уште била тинејџерка го дала во дом за деца без родители, кога имал само осум месеци, а по една година го земала назад.
„Имав само 18 години и ужасно се плашев, но знаев и дека стравот ќе ми помине. Моите први излегувања со другарките ги замени менувањето пелени и грижата за бебето. Мајчинството дојде прерано, но тоа ми е најдрагоценото искуство во животот. Кога имаше осум месеци, мојот син морав да го дадам во Дом за деца без родители. Тоа беше најстрашната епизода во мојот живот. По една година помината во домот, успеав да се изборам и мојот син го земав дома. Го чуваа моите родители, додека јас одев на настапи за да заработам за живот“, открила пејачката.
Игор имал само осум месеци кога завршил во дом.
„Ме нарекуваа глупава зашто порано не сум го „убила“ моето дете. Во тоа време, во 1976 година родив дете од човек со кој не бев во брак и им нанесов болка и срам на моите родители, друго време беше тогаш. Во нашето село тоа беше многу голем срам и притисокот на околината беше страшен, ме озборуваа сите. Плодот на мојата младешка љубов тогаш значеше дека сум упропастена“ , раскажала Бекута.
Инаку, Ана Бекута од синот Игор ги има внуците Бранко, кој има 20 години и Соња (18).