Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов објави дека се враќаат старите имиња на добро познатите скопски улици.
„Едно од моите предизборни ветувања беше враќање на идентитетот на Скопје. Ги враќаме старите имиња на добро познатите скопски улици. Овие се само дел од нив: Аминта Трети повторно ќе биде Ленинова, улицата Петре Пирузе ќе се вика Мексичка, на улицата Јордан Мијалков ѝ се враќа старото име Железничка, улицата Борис Сарафов ќе биде 4-ти Јули, а улицата Филип Втори повторно ќе биде улица Стив Наумов“, соопшти денес Шилегов на социјалните мрежи.
Град Скопје вчера ја објави листата од 571 име на личности, градови, места и историски личности според кои ќе се именуваат улиците, плоштадите и парковите во градот. Според неа, пејачот Дејви Боуви и групата „Квин“ ќе добијат улици во Скопје. Улица ќе биде крстена по групите „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“, по Есма Реџепова, како и по филмот „Медена земја“.