Поделба на САД на „републикански“ и „демократски“ републики, односно на север и југ како во некогашната граѓанска војна може да се случи до 2040 година, велат експертите, а до тогаш Афроамериканците ќе ги има во толку голем број во власта, што конфликтот ќе биде неизбежен за конзервативните белци кои ќе сакаат да ја задржат. Вака размислува Марк Кац професор на Универзитетот Џорџ Мејсон.
– Губењето на територијата, како и падот на владата, може да ја намали, па дури и да ја лиши земјата (САД) од способноста да дејствува како голема сила. Она што останува може да биде подредено на други земји – смета Кац, мислејќи на Русија и на Кина.
Најавата за нова, граѓанска војна експертите ја правдаат со една позната анкета меѓу граѓаните. Секој втор Американец кој гласал за поранешниот претседател Доналд Трамп, односно 52 отсто од испитаниците сакале да формираат посебна „Републиканска држава“, а ова го мислат и 41 отсто од оние кои гласале за актуелниот Џо Бајден. Вака Мајк Хејстинг од Блумберг напиша во своја колумна, додека за Вашингтон Пост војната за распад би се случила многу порано – уште во 2024 година.
Една година по владеењето на Џо Бајден и насилното влегување во Капитол на 6 јануари, страстите во Америка ни малку не се смирени, пишува Гардијан.
– Во овој момент, ние мора да одлучиме Каква нација ќе бидеме? Дали ќе бидеме нација која го прифаќа политичкото насилство како норма? – рече Бајден во Статуари Хол, собата каде што лани се насобраа бунтовниците.