Камала Харис е првата жена која ќе ги добие претседателските овластувања во САД и тоа ќе трае кратко, додека Џо Бајден е на рутински лекарски преглед. Бајден ќе ги префрли своите моќи на потпретседателката Харис за периодот додека се наоѓа под анестезија на денешна колоноскопија.
„Претседателот ќе биде подложен на рутинска колоноскопија во Медицинскиот центар ’Волтер Рид, во близина на Вашингтон. Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој утре ќе наполни 79 години, ќе бидат објавени подоцна денеска“, соопшти Белата куќа.
“Како што тоа веќе беше случај кога претседателот Џорџ Буш во два наврата беше подложен на истата процедура, во 2002 и 2007 година, а во согласност со уставната процедура, претседателот Бајден ќе ги пренесе своите овластувања на потпретседателката во еден краток период, додека се наоѓа под анестезија “, се додава во соопштението на Белата куќа.
Џо Бајден како 79-годишник стана најстариот американски претседател во историјата.