АМЕРИКАНЦИТЕ ШОКИРАНИ: Атлетичарка бремена во 5-тиот месец трча на 800 метри, скока во височина, фрла ѓуле (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американската атлетичарка Линдси Шварц Флах, го привлече вниманието на присутните гледачи на трибини, кога на државните квалификации се појави бремена во 5-ти месец.

Шварц-Флих се натпреваруваше во седмобој, но неуспешно откако самата се откажа на последната трка на 800 метри. Претходно, бремената атлетичарка на неверојатно топло време скокаше во вис, фрлаше кугла, но не успеа да ја доврши последната дисциплина поради што беше дисквалификувана.

Беше забележливо дека се чува во одредени дисциплини со цел да не му наштети на бебето.

„Најважно ми е јас и бебето да бидеме здрави. Да беа квалификациите порано сигурно ќе се откажев, бидејќи повраќав во првите 12 недели од бременоста. Но, во последно време ми беше подобро па успеав да спојам неколку добри тренинзи па решив да настапам. Но, бев крајно внимателна“, изјави Шварц-Флах.

Дел од јавноста застана на нејзина страна, но поголемиот дел ја критикуваат поради непотребниот ризик за нејзиното и здравјето на бебето.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com