Полицаецот од Њујорк Мајкл Валва (40) и неговата вереница Ангела Полина (42) се обвинети за убиство на неговиот 8-годишен син, Томас Валва кој имал аутизам. Детето починало од хипотермија откако Мајкл и Ангела го заклучиле во незагреана гаража додека надвор било многу студено.
Следниот ден Мајкл се јавил на 911 и рекол дека Томас паднал на патот додека чекал автобус. Но, температурата на телото на детето била само 24,4 степени Целзиусови кога го довеле во локалната болница , а како причина за смртта била наведена хипотермија.
Валва и Полина се соочуваат со казна до 25 години затвор, а нивните адвокати одбиле да даваат изјави. Патем, Валва работи во њујоршката полиција од 2005 година, и сега е суспендиран.
Мајката на починатото момче, Јустин Зубко-Валва, изјави дека повеќепати го предупредувала семејниот суд во округот Сафолк и побарала Валва да биде лишен од старателство над нивните три деца. Не е познато зошто таа не добила старателство по разводот во 2018 година. Но, сега таа доби стрателство на другите две деца, од кои 10-годишниот брат на починатиот Томас исто така има аутизам.
Јавниот обвинител Тимоти Сини изјави дека малиот Тома и неговиот брат биле принудувани од таткото да спијат во гаражата.